top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во дворот на Министерството за култура: Концерт „Филхармонија на отворено“

Во дворот на Министерството за култура на 30 јуни, со почеток во 20 часот, ќе се одржи камерниот концерт од серијата настани „Филхармонија на отворено“.

Во рамки на концертот ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија со своите камерни состави. На програмата се дела од Чејс, Премру, Дебиси, Убер, Сен-Санс, Ловленд и Шостакович, а ќе настапат трио тромбони ( Бранко Илиевски, Никола Ристевски и Александар Ниниќ), Скопски брас квинтет (Стефан Илиев – труба, Вилијама Баракоски – труба, Благоја Василевски -хорна, Никола Ристески – тромбон и Александар Ниниќ – тромбон), Александра Чуруковска (контрабас), Филип Петрески (хармоника), Маријана Николовска на пијано, Ева Богоеска (виолина) и Марија Трајковска (виолина).


4 views

Comments


bottom of page