Search
Во Бундеслигата се размислува на промена на системот на натпреварување, нешто невидено во најдобрите
- Aleksandar Santovski
- Feb 11, 2022
- 1 min read
Од раководството на Бундеслигата потврдија дека сериозно се размислува за тоа да се промени системот на натпреварување.
Германците сакаат од наредните години да воведат плеј- оф, нешто што е случај за американските спортски лиги, а е случај и во ракометните и кошаркарските збиднувања ширум Европа.
Плеј- офот е застапен и во фудбалот, во понеквалитетните европски лиги, а сега од Бундеслигата размислуваат тие да бидат први од посилните кои ќе ја воведат оваа промена.
Тоа го најави извршната директорка на германската лига, Доната Хопфен која предложила промена на системот на натпреварување.
– Германската фудбалска лига наскоро ќе одржи отворена расправа со сите клубови по прашањето за воведување на плеј-оф, -пишува во краткото соопштение од ДФЛ.

留言