Во Битола промовиран документарниот филм „Сеќавање“ на Роберт Јанкулоски
Документарниот филм „Сеќавање“ на уметникот и професор по фотографија Роберт Јанкулоски, синоќа беше промовиран во новото битолско кино „Манаки“.
Станува збор за филмска проекција изработена од стаклени закопани плочи кои датираат од почетокот на 20 век, а се дел од наследството на браќата Манаки, сочувани фотографии од Македонскиот фронт.
„Почестен сум што со мојот филм се искажува почит за денот на примирјето. Тој ден е најсреќниот ден во човештвото бидејќи со тоа примирје се ставил крај на војната“, рече меѓудругото Јанкулоски за документарецот „Сеќавање“.
Промоцијата на документарниот филм „Сеќавање“ посветен на настани од Првата светска војна на ова поднебје ја следеше и францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер.
Вечер, во Битола ќе биде промовиран вториот документарен филм на Роберт Јанкулоски, насловен „Манаки, приказна во слики“, а културениот настан се одржува во рамки на манифестацијата „Историја, уметност, колективна меморија и помирување“.
ความคิดเห็น