Во Билбао се слави: Да сакавме да напишеме вакво сценарио…
Атлетик Билбао се избори за триумф над Барселона во драматичната пресметка во рамките на четвртфиналето на Купот на Шпанија.
Домашниот тим беше посвеж во двете продолженија и со два гола дојде до славје од 4-2 со кое обезбеди пласман во полуфиналето каде од претходно беа Мајорка и Реал Сосиедад.
Еден од хероите на Билбао беше Ињаки Вилијамс кој направи се што може да за биде присутен за овој меч, па откако го заврши настапот со Гана на Купот на африканските нации се врати во Шпанија за да на крајот тој биде токму тој што го постигна третиот гол во првото продолжение за 3-2.
-Во моите најлуди соништа не би замислил дека сум овде, тоа беа напорни 24 часа. Клубот направи се што е можно и јас сакав да бидам тука. Понекогаш судбината е каприциозна и тоа со задоволство го славиме со тимот. Изнемоштен сум, си одам дома иако би сакал да се напијам неколку пива со моите пријатели. Беше лудо, -порача Вилијамс.
Тренерот Ернесто Валверде пак порача:
-Фактот што успеа да се врати и да биде тука е емотивен поттик за сите, не само поради она што го дава на теренот туку и поради она што го дава на публиката. Тој е играч кој не движи нас, а исто така и јавноста. Се чини дека ако се обидете да напишете сценарио, немаше да излезе толку добро. Отсекогаш бил одлучувачки играч, рече Валверде.
Comments