top of page
Search

Во Атина започна снимањето на филмот „Ритам на животот“ во копродукција со „Круг филм“ од Скопје

Writer's picture: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

„Ритам на животот“ е наслов на новиот грчки долгометражен филм во копродукција со „Круг филм“ од Скопје . Снимањето на филмот ќе се одвива во текот на август на повеќе локации во Атина, Грција. Сценариото е на Америса Баста и Димитрис Накос од Грција, и во режија на Баста.

„Филмот ја раскажува приказната за Лена, 20-годишна жена која живее во Атина, работи во локален супермаркет и живее со своето семејство. Поради тоа што живее сиромашно, а секојдневието и е исполнето со напнатост, таа сака да се исели и да започне свој живот. Сѐ се менува кога Лена кога ќе добие отказ истовремено дознавајќи дека е бремена“, раскажуваат од „Круг филм“.

Во улогата на Лена се јавува младата Елина Цорбаци, а останата екипа е составена од актери од Грција и од Албанија.

„Ритам на животот“ е финансиски поддржан од Филмските центри на Грција, Црна Гора и Кипар, како и од македонската Агенција за филм.

Главен продуцент е грчката продукциска куќа „Соул Продукција“ на Јоана Султани, додека македонски копродуцент е Дејан Крајчевски од „Круг филм“. Копродуценти се и Деспина Музаки од кипарската „Брејкинг Вејв Продукција ЛТД“ и Немања Драговиќ од црногорската „Видеа Продукција“.

„Ова е прв долгометражен филм на Баста. Нејзините краткометражни филмови ‘Не утре’, ‘Чадор’, ‘Христос и Димитра’, ‘Евива’ и други, во изминативе десетина години учествувале на низа локални и меѓународни фестивали и постигнале голем успех“, велат од „Круг филм“.


 
 

Comments


bottom of page