Во Англија откриен фосил од џиновска стоногалка долга 2,7 метри
Џиновски стоногалки со големина на автомобил и тешки 50 килограми некогаш биле ловени на подрачјето на северна Англија, велат експертите по откривањето на фосил стар 326 милиони години.
Најголемиот фосил на џиновска стоногалка случајно е откриен на плажа во селото Ховик, откако парче карпа се откинало и паднало на брегот. Откриениот сегмент датира од периодот карбон, повеќе од 100 милиони години пред диносаурусите.
Ова е само трет пронајден фосил од овој вид, а воедно и најголем и најстар. Зачуван е благодарение на песокот покрај коритото. Дел од пронајдениот скелет е долг 75 сантиметри, а научниците веруваат дека целата стоногалка била долга 2,7 метри и тешка 50 килограми.
За да ја постигнат таа големина, овие суштества, попознати како „Arthropleura“, морале да се хранат со растенија со голема хранлива вредност, а исто така се претпоставува дека постои можност да биле предатори кои се хранеле со други безрбетници и мали водоземци.
„Arthropleura“ е составена од неколку елементи на егзоскелет кој во голема мера потсетува на денешните стоногалки.
Comments