top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Влхова победничка на првиот слалом, Шифрин втора

АЛПСКО СКИЈАЊЕ – СВЕТСКИ КУП

Петра Влхова победи во првата слаломска трка сезонава во Светскиот куп (СК) во алпско скијање, откако словачката шампионка имаше две одлични трки на патеката во Леви (Финска), земја особено драга на Влхова, која реши да ги помине минатите три недели таму за да се подготви најдобро за овие трки, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС) на својата интернет-страница. Двете кралици на слаломот, Влхова и Микаела Шифрин (САД), сега имаат ист број победи во Леви, по четири. Влхова имаше предност пред Шифрин од 11 стотинки по првото возење, а потоа победи со 31 стотинка предност. Лена Дур (Германија) со 84 стотинки заостанување го освои третото место, Андреја Слокар (Словенија), која победи на паралел-слаломот минатата недела, го зазеде четвртото место итн. Вчера на програмата беше уште еден слалом на истата патека.


1 view

Comments


bottom of page