top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Влатко Стефановски со новиот албум на регионална турнеја

Нашиот светски познат гитарист Влатко Стефановски тргнува на регионална турнеја на која покрај добро познатите хитови, ќе го претстави и новото, реномирано студиско издание на „TaftalidzaShuffle“. Подмладената тројка, која покрај Влатко ја сочинуваат неговиот син, Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара, ќе ја започнат својата летна турнеја денеска во Панчево, по што ќе заминат за Хрватска. Триото Влатко Стефановски в петок ќе настапи во Загреб на „Бундекфест“, а следниот ден во Осијек. Турнејата продолжува на 4 јули со концерт во Палиќ, по што следат настапи во Трогир на 9 јули, во Шибеник на 10 јули и на Брач на 11 јули. Словенечката публика ќе има можност да види концерт во Нова Горица, на 17 јули, додека на 20 јули, Влатко Стеафановски ќе настапи во Будва, на култната манифестација „Град Театар“. На 30 јули ќе има голем концерт на стадионот „Ташмајдан“ во Белград. Како што соопшти „CroatiaRecords“, Влатко Стефановски покажа ненадмината техника и уникатен сензибилитет подеднакво успешно во етно и рок, но и во блуз, фанк и џез жанрови кои го обликуваа неговиот музички пат и го обележуваа како уметник. Во текот на својата кариера, Влатко ја делеше сцената со најголемите гитаристи во светот, вклучувајќи ги Томи Емануел, Јан Акерман и Сточело Розенберг, а регионалната публика секогаш покажуваше длабока почит и интерес за неговата музика. Најновиот студиски албум „TaftalidzaShuffle“, објавен под закрилата на „CroatiaRecords“, кој Влатко Стефановски ќе го претстави на претстојната турнеја, со месеци го држи врвот на продажните листи за компакт-дискови и винили. Публиката на концертите на Стефановски ќе ја има можност да слушне и дел од новиот материјал на гитаристичкиот виртуоз од светски калибар.





2 views

Comments


bottom of page