top of page
Search

Владо Јаневски на „Прекрасен ден“ 10 август – со мегаконцерт во Охрид – Летните музички патишта водат кон балканскиот Ерусалим

20.06.2024 juni Cetvrtok

Пред само неколку дена познатиот македонски (некогашен) чаирски (а, сега и гевгелиски) романтичар Владо Јаневски, на својот YouTube канал ја промовираше својата најнова (летна) балада „Прекрасен ден”.(…“Земи ме денес со тебе, да те гледам ми е доволно, а јас и ти, што и да иде, нека ни биде барем заедно…“)

 Една е од ретките македонски музички ѕвезди што ја има таа моќ да создаде и да испее песна која за кусо време станува хит, а тоа е тој Владо Јаневски. Без разлика на тоа што го бие глас на препотентен и не многу комуникативен, кој знае од кои причини, сепак Владо е одличен пејач и некој што може петпати по ред да ја наполни Македонска филхармонија во Скопје. Тоа и се случи оваа зима. И покрај скапите влезници, неговите фанови, а особено неговите обожавателки, ја исполнуваа салата до последно место, да немаше каде игла да падне.

Но со тие концерти, музичките активности на Јаневски не застанаа. Не се повлече за да ужива во заработеното и сработеното, туку продолжува понатаму. Пред само неколку дена познатиот македонски (некогашен) чаирски (а, сега и гевгелиски) романтичар Владо Јаневски, на својот YouTube канал ја промовираше својата најнова (летна) балада „Прекрасен ден”.(…“Земи ме денес со тебе, да те гледам ми е доволно, а јас и ти, што и да иде, нека ни биде барем заедно…“)

Многумина кои ја имаат слушнато велат дека баладата ги има сите елементи за голем летен хит, тоа што на луѓето им фали по овие горештини, на плажите, во дневните кафулиња, ноќните клубови. Песна која не заморува, туку опушта. За сега песната ја има само својата македонска верзија, но се очекува Владо да си ја напише и српскохрватската, бидејќи тој и понатаму типува на кариера во Србија, а уште повеќе во Хрватска.

Новиот хит „Прекрасен ден” е комплетно дело на Владо Јаневски, а снимен е во студиото на Дарко Димитров. Доказ дека на Владо никогаш не му е здодевно е и тоа што тој во овие топли летни денови активно се подготвува за голем солистички концерт што ќе се случи на 10 август во Охрид, на убавиот Антички театар. Според првите знаци на заинтересираноста за концерт се очекува голема навалица од неговите обожаватели. Ништо чудно да се одржи и вториот.

Програмата на концертот, како што дознава ВЕЧЕР, ќе биде составена од голем број негови хитови (“Ако не те сакам“, “Напрај место слатка сестро“, “Некогаш и негде“, “Не зори зоро“, “Црно тиквешко“, “Ова е наше Скопје“, “Компас“, Откако си негова“, “Недостасуваш“….) со кои како и секогаш ја “ремети“ публиката, па се до некои сосема нови, до сега неиспеани.    Д.М.

 


0 views

Comments


bottom of page