Владо Јаневски го промовираше видео спотот за љубовната „Твој засекогаш“ (Видео)
11.02.2025 Februari Vtornik
Легендарниот кантавтор Владо Јаневски повторно ги воодушеви своите обожаватели со новата песна „Твој засекогаш“ која што ја промовираше кон почетокот на минатиот месец, за која сними и видео спот. Автор на музиката и текстот е самиот Јаневски, додека аранжманот е на познатиот хрватски композитор Никша Братош. Песната е снимена во студиото „НБ“ во Загреб и во скопското студио „Ентерпрајс“ на Валентино Скендеровски, а визуелната приказна ја долови тимот на „Томато продукција“.
Оваа песна уште еднаш докажува зошто Јаневски е синоним за македонската љубовна музика. Неговата искреност и меланхолична поетика се провлекуваат низ секој стих, оставајќи трага во срцата на слушателите.
За сите кои сакаат да ја почуствуваат магијата на неговите песни во живо, Јаневски ќе одржи концерт во Скопје, во клубот „Интермецо“ на 14 февруари со почеток во од 20 часот.
Comments