Високите температури го израмнија австралискиот 60-годишен рекорд
Во Австралија се измерени 50,7 степени Целзиусови, пренесе „Би-би-си“. Со тоа изедначен е рекордот за највисоката измерена температура во историјата на Австралија од како се вршат мерењата. Температурата е измерена во градот Онслоу на западниот брег на Австралија. Израмнет е рекордот од 1962 година кога на југот на Австралија биле измерени 50,7 степени. Тамошното биро за метеорологија потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14.26 часот по локално време.
Според локалните медиуми, просечната температура во Онслоу во овој период од годината е 36,5 степени. И други два града, Марди и Робурн, вчера пријавиле температури над 50 степени, а Лук Хантингтон од бирото за метеорологија рече дека акумулацијата на топол воздух во регионот е предизвикана од недостаток на грмотевици.
Жител на Робурн изјавил за „Еј-би-си њуз“ дека температурите станале толку високи што климата во нивната канцеларија престанала да работи. Се очекува температурите во Австралија и утре ќе бидат во пораст, а во наредните денови следува заладување.
Comments