Висока британска функционерка побара од премиерлигашите да го бојкотираат финалето на Лигата на шамп
Потезите на руските власти во однос на конфликтот со соседна Украина, очекувано имаат влијание и на фудбалската сцена, а може да го загрозат и финалето на Лигата на шампионите.
Причина е фактот што финалето е закажано во рускиот град Ст. Петербург, па веќе се појавија шпекулации дека УЕФА може да се одлучи да го премести во друга земја.
Британскиот државен секретар за надворешни работи, Лиз Трас, во денешното гостување во медиумите ги советувала англиските клубови да не играат евентуално финале на руска територија.
– Ако бев англиски клуб, би бојкотирал такво финале.
– Лично не би сакала да играм натпревар во Ст. Петербург, имајќи го предвид она што го прави режимот на Путин, – изјавила Трас.
Челси, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул се кандидати за големото финале, а во последното финале играа токму две англиски екипи, при што Челси го победи Манчестер Сити.
Comments