Висла преку Пелистер до прва победа во ЛШ
17.10.2024 Oktomvri Cetvrtok
Македонскиот ракометен првак, Еурофарм Пелистер го претрпе четвртиот пораз во петтиот меч во групната фаза во Лигата на шампионите.
Избраниците на Ангеловски беа совладани на гостувањето во Полска кај Висла Плоцк со 26:18. Домаќините имаа јасна и единствена цел од првата минута, а тоа е да дојдат до првата победа и бодови во актуелнава кампања, цел која ја остварија.
Уште од самиот старт го преземаа водството, диктираа темпо и едноставно не му дадоа шанса на Пелистер да се надева на позитивен резултат. Висла водеше и со седум разлика во првото полувреме, но „зелено-белите“ се вратија, покажаа карактер и на пауза заминаа „само“ со минус два (13:11).
Четата на Сабате по паузата повторно трга во акција, направи сериозна предност и беше прашање само кој ќе биде конечниот резултат на крајот.
Алиловиќ имаше 11 одбрани, Михиќ пак даде 8 погодоци. Кај Пелистер листата на стрелци ја предводеше Кузмановски со 5 реализации.
Comments