top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Вирџин галактик“ продава билети за лет во вселената

Компанијата за вселенски патувања „Вирџин галактик“ објави дека од август до денес продала околу сто билети за вселенски патувања, по цена од 450.000 долари, пренесува „Асошиејтед франс прес“. Претходно компанијата продала речиси 600 резервации по цена од 200.000 и 250.000 долари. Во соопштението се наведува дека новата цена е добро примена и потсетуваат дека компанијата има цел да продаде 1.000 билети пред почетокот на првиот комерцијален лет, на крајот на 2022 година. – Побарувачката за вселенски патувања е многу голема, а билетите се продаваа побрзо и подобро отколку што очекувавме. Влегуваме во период на подобрување на нашата флота, со јасен план како да ги зголемиме издржливоста, доверливоста и предвидливоста на нашите летала за комерцијални услуги во текот на следната година – рече Мајкл Колглазиер, извршен директор на „Вирџин галактик“.

Основачот на компанијата, британскиот претприемач Ричард Бренсон, е првиот милијардер што полета во вселената на 11 јули, со вселенско летало на сопствената приватна компанија. Тоа го направи пред Џеф Безос, кој во вселената полета малку подоцна со ракетата „Њу шепард“, направена од неговата компанија „Блу ориџин“. „Вирџин галактик“ го одложи својот прв комерцијален лет за три месеци, кој првично беше планиран за средината на октомври. Летот е предвиден за последниот квартал од следната година, а за тоа време ќе работи на зајакнување на безбедноста на леталата. Сепак, компанијата потврди дека е „на добар пат“ да направи вселенски лет во предвидениот период. Конкуренцијата меѓу милијардерите за превласт во вселенскиот туризам е во полн ек. Моментално во трка се Ричард Бренсон, Џеф Безос и компанијата „Спејс икс“ на Илон Маск, која во септември успешно испрати четворица туристи во вселената на три дена. Од „Вирџин галактик“ велат дека нивната ликвидност сѐ уште е речиси милијарда долари и дека ќе можат да ги финансираат сите нивни операции додека не станат профитабилни.


2 views

Comments


bottom of page