Винисиус испрати вирална фраза откако Реал вторпат го преживеа „пеколот“ во Белград (Фото)
- Aleksandar Santovski
- May 5, 2023
- 1 min read
Винисиус Жуниор не му донесе среќа на Реал Мадрид кога го гледаше вториот натпервар во живо меѓу „кралевите“ и Партизан, но Бразилецот со своите реакции јасно укажува на тоа дека будно ја следи целата серија.
По негативата од 2:0, Реал Мадрид успеа да ги врати двата „брејка“ со две победи остварено во жешката атмосфера во Белград, а овој успех го натера Винисиус да проследи една вирална фраза која е препознатлива за „кралскиот клуб“.
Четвртфиналната серија во Евролигата меѓу Реал и Партизан ќе биде одлучена со „мајсторка“ во Мадрид, но сега притисокот ќе биде врз Партизан кој загуби двапати во низа.
Многу веројатно е дека Винисиус ќе биде во сала наредната среда кога се игра клучниот меч, а во меѓувреме, вирален хит меѓу фановите на Реал стана неговиот твит.
– Реал Мадрид никогаш не можеш да го прогласиш за мртов…..

Comments