top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вингегор доби уште една битка со Погачар и ја одбрани титулата на Тур де Франс

Данскиот велосипедист Јонас Вингегор е старо-нов победник на Тур Де Франс, откако вчера и официјално го освои 110-то издание на најпрестижната трка во светот.

Вингегор имаше пеколно тешка конкуренција и оваа година и најголем ривал му беше Тадеј Погачар, но одново беше подобар од Словенецот и го освои вториот Тур во низа.

Одбраната на титулата секако има огромно значење за данскиот велосипедист, за кого интересно ова беше само трето учество на велосипедската трка во Франција.

Од друга страна, за Погачар ова беше четврто учество на Тур Де Франс, трка на која забележа две победи во 2020-та и 2021-ва година, но и две втори места во 2022-ра и 23-та.

Вингегард оваа година имаше севкупно време од 82 часа, 5 минути и 42 секунди по 21 извозена етапа, што беше за седум и пол минути подобро од Погачар. Покрај нив двајца, место на подиумот имаше и за Адам Јејтс од Велика Британија.


2 views

Comentários


bottom of page