Вимблдон со моќна порака за Ѓоковиќ по импресивниот пресврт за полуфинале (Фото)
Новак Ѓоковиќ продолжува да пишува своја историја на Вимблдон, односно го продолжи својот пат кон седма титула на најпрестижниот тениски турнир во светот.
Првиот носител во Лондон вчера беше во незавидна ситуација бидејќи ги загуби првите два сета од талентираниот Јаник Синер, но како и многупати во кариерата, пронајде решение во најтешките моменти и успеа да се врати како феникс во наредните три сета.
Србинот одговори на предизвикот на импресивен начин и со убедливи 6:2, 6:3 и 6:2 одговори на пoчетните 5:7 и 2:6, со што си закажа полуфинале на Вимблдон.
Гледалиштето во Лондон не гледа првпат како Србинот се враќа од речиси изгубена ситуација, па поради тоа со оригинална порака се јави и официјалниот профил на турнирот.
– Никогаш не го отпишувајте Новак Ѓоковиќ. Никогаш!
Comments