Вимблдон планира да го „елиминира“ Медведев од годинешното издание
Данил Медведев пред два дена најави дека оди на принудна пауза поради оперативен зафат, но тоа е единствената лоша вест за него и фановите.
Британски „Телеграф“ тврди дека организаторите на Вимблдон планираат да го забранат учеството на тенисерите и тенисерките од Русија и Белорусија, што значи дека Медведев нема да може да се бори за трофејот на овој престижен грен-слем.
АТП и ИТФ побараа од натпреварувачите од овие две земји да ги тргнат знамињата и името на земјата од каде доаѓаат, но во однос на Вимблдон тоа може да не биде доволно за Медведев и останатите.
Првите луѓе на турнирот сметаат дека евентуалниот успех на Русинот би бил еден вид пропаганда за неговата татковина во моментите кога таа врши инвазија на Украина.
Медведев поради операцијата на кила и онака е неизвесен за Вимблдон, а турнирот треба да започне на 27. јуни.
Comments