Виландер за скандалот на Вимблдон: Вакво нешто не смее да се повтори
Годинешното издание на Вимблдон донесе и неколку невообичаени сцени, а во прв план се најдоа Ник Кирјос и Стефанос Циципас и нивниот конфликт за време на мечот од претходната фаза.
Кирјос го победи Циципас во пресметка во која бараше дисквалификација за противникот, кој за малку ќе погодеше фан со топче, а потоа намерно го гаѓаше својот противник на теренот.
Двајцата тенисери добија парични казни (4.000 долари за Кирјос и 10.000 долари за Циципас), но легендата Матс Виландер вели дека вакво нешто не смее да се повтори на толку високо ниво на тениската игра.
– Беше забавно, но дали треба да го почитуваме она што се случи? Апсолутно не!
– Не сакам да видам вакво нешто повторно, тенисот треба да биде инспиративен, образовен, иако дел од фановите сигурно сакаат вакви работи. Јас не сум голем фан на вакви сцени, – истакнал Виландер.
Comments