Вил Смит сакал да има харем со убави жени и Хали Бери во него
29.09.2021 Septemvri Sreda
Вил Смит продолжи да се отвора за својот брак со Џејда Пинкет Смит повторувајќи дека не е моногамен и дека двајцата имале секс со други луѓе. 53-годишниот актер пишува за тоа во претстојните мемоари „Вил“, а во новото интервју за списанието GQ открива дека нивниот брак првично бил моногамен, но подоцна одлучиле да го отворат кога почнале да се чувствуваат многу лошо и сфатиле дека очигледно нешто мора да се промени. „Бракот не треба да биде затвор за нас“, вели тој. Холивудскиот актер откри дека и тој и неговата сопруга Џејда имале секс со други луѓе во текот на нивниот брак. „Џејда никогаш не веруваше во конвенционален брак… Некои членови на нејзиното семејство имаа неконвенционални врски, таа порасна на начин што беше многу поинаков од тоа како јас пораснав“, рече тој. „Имавме неколку долги дискусии за тоа што е совршено. Кое е идеалното однесување за паровите? Најдолгиот период од нашата врска се сведе на моногамија, но ние не ја сметавме за совршена врска“, додаде тој. Минатата година нивниот брак беше во центарот на вниманието кога раперот Август Алсина тврдеше дека Вил му дал благослов за романса со Џејда. Таа првично негира, но подоцна делумно призна нова љубовна приказна. Двојката потоа се раздели некое време. „Си дадовме доверба и слобода, со верба дека секој мора да си го најде својот пат“, вели Вил за бракот со Џејда. „Бракот за нас не може да биде затвор. Но, ова не им го предлагам на сите бидејќи тој пат не е за секого. Но, слободата што ја доживеав и што си ја дадовме еден на друг, како и безусловната поддршка, за мене се највисока дефиниција за љубовта“, објасни актерот. Откри дека неговата најголема желба била да има харем со 20 убави жени. Тој дури направил листа со потенцијални кандидатки со кои планирал да стапи во контакт, но на крајот сфатил дека идејата е ужасна. На неговата листа се најдоа актерката Хали Бери и балерината Мисти Коупленд.
Comments