top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вил Смит плати 100.000 долари за огномет во Њу Орлеанс


Вил Смит плати 100.000 долари за огномет по повод Денот на независноста (4 Јули) во Њу Орлеанс.

52-годишниот актер реши да го плати славеничкиот огномет од својот џеб откога дозна дека Њу Орлеанс не планира шоу во 2021 година.

Пред настанот градоначалникот Латоја Кантрел напиша на „Твитер“: „Огномет во продукција на Go 4th On The River ќе се одржи во Њу Орлеанс покрај брегот на реката Мисисипи во 21 часот в недела, 4 јули 2021 година.

„Подарокот градски огномет го овозможи актерот и продуцент Вил Смит заедно со неговата компанија ‘Вестбрук’“.

Градските власти ја откажаа минатогодишната прослава поради пандемијата. Но, оваа година Вил беше решен да им помогне на луѓето од Њу Орлеанс да ја прослават оваа пригода покрај реката Мисисипи.

Тој моментно е сместен во градот, каде што го снима „Еманципација“, филм што се фокусира на роб кој избегал од плантажа во Луизијана.



2 views

Comments


bottom of page