top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вил Смит лично не му се извинил на Крис Рок за оскаровската шлаканица

Крис Рок наводно никогаш не добил лично извинување од Вил Смит затоа што го нападна на „Оскарите“. Комичарот (58) во саботата, конечно, јавно му возврати на актерот (54) од „Мажи во црно“ за минатогодишниот напад на сцената на „Оскарите“. Во емисијата Selective Outrage на „Нетфликс“ тој го исмеја Крис велејќи дека неговата сопруга Џеда имала сексуални односи со другар на нивниот син. Но, извор близок до комичарот тврди дека геговите во шоуто во врска со неверството на сопругата на Вил можеле да се избегнат доколку посрамотениот актер се извинил за она што го стори. Во разговор со „Мејл онлајн“ во вторникот инсајдерот рече: „Крис никогаш не доби приватно извинување во четири очи од Вил, само јавно или на социјалните мрежи, што навистина не значеше ништо. „Крис сакаше еднаш засекогаш да заврши со тоа. Сето тоа беше многу катарзично за него“.


1 view

Comments


bottom of page