Вил Смит и Џеда се на чекор од развод
Updated: May 16, 2022
16.05.2022 Maj Ponedelnik
Вил Смит и Џејда би можеле да имаат еден од најгрдите разводи во историјата на шоу-бизот во услови на зголемени тензии по контроверзното однесување на актерот на „Оскарите“. Добивај вести на вибер Холивудскиот актер наводно едвај зборува со својата сопруга, а тензиите меѓу нив се на високо ниво по оскаровската шлаканица, откри инсајдер близок до парот во разговор со Heat Magazine. „Од скандалот на церемонијата тензијата меѓу двајцата е опиплива. Имаше проблеми со години, но сега тие едвај зборуваат. Ако се разделат, Вил има богатство од 350 милиони долари, од кои Џејда би имала право на половина според калифорнискиот закон“. „Тоа би можело да биде еден од најгрдите разводи во историјата на шоу-бизот и да трае подолго од разводот на Анџелина и Бред. Вил очигледно не го сака тоа, но во моментот има многу работи што треба да ги преземе“, продолжи инсајдерот. Вил Смит пред милиони гледачи му удри шлаканица на Крис Рок кога комичарот се пошегува на сметка на сопругата на Смит. Актерот се извини за скандалот. „Шегите на моја сметка се дел од работата, но шегата за здравствената состојба на Џеда беше премногу за да ја поднесам и реагирав емотивно“.
コメント