top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вил Смит и Мартин Лоренс го најавија „Лоши момци 4“

„Лошите момци“ официјално се враќаат, а Вил Смит и Мартин Лоренс објавија дека повторно ќе се здружат за четвртото продолжение на култната комедија. Адил Ел Арби и Билал Фалах се враќаат да го режираат четвртото продолжение на култната комедија акција „Лоши момчиња“. „Сони пикчрс“ потврди дека продолжението, кое сè уште нема наслов, е во рана претпродукција. Режисерите Адил Ел Арби и Билал Фалах („Госпоѓа Марвел“, „Бунтовник“) се враќаат на кормилото по сценарио на Крис Бремнер. Смит и Лоренс објавија дека претстојниот филм официјално е во погон, и споделија видео за нивната повторна дружба. Првиот од серијалот за двајцата добри полицајци кои знаат да се претворат во вистински лоши момци (Bad Boys), излезе во 1995 година.



1 view

Kommentare


bottom of page