Викторија Бекам нема да настапува со „Спајс грлс“
Викторија Бекам ја отфрли можноста повторно да настапи со женскиот поп-бенд „Спајс грлс“. 47-годишната sвезда не им се придружи на Гери, Ема, Мел и Мелани кога се вратија заедно за серија настапи во 2019 година и инсистира на тоа дека не планира да се појави на сцена ако повторно имаат турнеја во иднина бидејќи „со своите потфати во светот на модата и убавината таа на своите фанови веќе им го дава она што навистина го сакаат“. Говорејќи за „Добро утро, Америка“, таа рече: „Фановите отсекогаш беа одлични и тоа беше прекрасно патување, но што се однесува до мене, сега се фокусирав на модата и убавината. Тоа е мојата страст“. Модната дизајнерка истакна дека ужива со својот сопруг Дејвид и дека е многу среќна во бракот. Запрашана за совет за успешна врска што би им го пренела на своите четири деца, таа рече: „Многу се забавуваме. Се поддржуваме еден со друг во сè што правиме, но се работи за забава и уживање во друштво на таа личност. Јас навистина сакам да бидам со него“.
Commentaires