top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Викторија Бекам имала високо ниво на жива бидејќи изела премногу риба

21.12.2020 ДЕКЕМВРИ ПОНЕДЕЛНИК Викторија Бекам имала исклучително високо ниво на жива во своето тело бидејќи јадела премногу риба. Пејачката на „Спајс грлс“ – Пош Спајс, а сега моден дизајнер, од својата исхрана ги исфрли сабјарката и туната и ги замени со лосос поради нивото на метилжива во овие видови риби. „Во телото на Викторија имаше повеќепати зголемено количество жива над дозволената граница. Така, лекарите мораа да ѝ го плакнат црниот дроб за да го ослободат телото од токсини. Таа се чувствува добро, вита е и во форма како и секогаш“, изјави анонимен извор за британски „Сан“. Ова доаѓа откако Роби Вилијамс за малку ќе умрел бидејќи се затрул со жива од јадење премногу риба, а се знае дека зголемените нивоа на жива предизвикуваат рак на кожата и болести на белите дробови, пишува весникот. Роби рече: „Јадев риба двапати на ден и го имав најголемото труење со жива што го видел докторот досега“. Метилживата или живниот хлорид, органско соединение, е најтоксичната форма на жива на која луѓето најчесто се изложени. Метилживата се акумулира во големите риби кои се хранат со помали риби и содржат многу повисоко ниво од непредаторските риби.



2 views

Comments


bottom of page