Викендов стартува „Макфест 2022“ во Штип
Викендов ќе се одржи 37-то издание на фестивалот „Макфест 2022“, кој традиционално ќе се одржи во градот Штип, односно во Домот на културата „Ацо Шопов“. Фестивалот ќе има две вечери, првата на 21-ви за нови ѕвезди и втората вечер 22-ри ќе биде ревијална вечер во која ќе настапат етаблирани ѕвезди од македонската естрада. Содржината продолжува после огласот На фестивалот ќе настапат следните имиња: Тамара Тодевска, Викторија Лоба, „Два Бона“, Ламбе Алабакоски, Мартинијан Кириловски, Андреа Коевска, Виктор Апостоловски, Андријана Петрушовска, Пајак и Лара Иванова, Ален Исламовиќ, диџеј Боно и Кристина Димитри, Александар и Балкан Бенд, Филип Пешевски, Марија Спасовска, Дарко и како браќа, Блеа – Благица Ѕунзровска, Мелани Тарчуловска, Мила Николовска, Марија Атанасова, Јуле Николовска, Јана Спирковска, Марија Цветановска, Дејан Тасев и Деа Симичева… Уметнички директор на фестивалот е Роберт Саздов, кој ветува одличен „Макфест“, а она што ќе го прави посебно ова издание, е тоа што ќе преовладуваат модерни песни. “Подготовките се при крајот, полека се приближуваме до датумот за одржување на фестивалот. Се тече во најдобар ред, артистите едвај чекаат да настапат во Домот на културата „Ацо Шопов“. Не очекува еден одличен и модерен „Макфест“, накусо изјави Саздов.
Comments