Search
Викенд се здружи со Сем Левинсон за нова драмска серија на „ХБО“
30.06.2021 Juni Sreda
Канадскиот музичар Д Викенд својот фокус го насочи кон малите екрани, здружувајќи се со авторот на серијата „Еуфорија“, Сем Левинсон, за нова ТВ-серија на „ХБО“. 31-годишниот пејач чие вистинско име е Абел Маконен Тесфаје ќе го пишува сценариото заедно со Левинсон и ќе влезе во актерската екипа на серијата драма со наслов The Idol, објави „Варајети“. Пејачот ќе го креира проектот заедно со Левинсон и Реза Фахим, а тројцата ќе бидат и извршни продуценти. Серијата ќе следи поп-пејачка која започнува романса со енигматичен сопственик на ноќен клуб во Лос Анџелес, кој води таен живот како водач на култ.
Comments