Визионерот Берлускони ја предвиде огромната промена во светскиот фудбал уште во 2007. година
Силвио Берлускони замина во вечноста пред две недели кога ја загуби битката со тешката болест, но италијанските медиуми се уште му посветуваат вести на поранешниот претседател на Милан, а тоа особено важи за „Газета“. Угледниот медиум со седиште во Милано сега се наврати на едно интервју направено во 2007-ма година, кое само потврдува каков визионер беше Дон Силвио и дека едноставно тој беше „човек пред времето“. Во споменатиот разговор, Берлускони говори за големиот подем на Премиер лигата и падот на Серија А, но и за милионите кои во иднина ќе ги инвестираат луѓето од арапските земји, нешто што во последно време е многу актуелно со Саудиска Арабија. – Гледам како Серија А станува се полоша. Сега сме лидери, но за 15 години ќе бидеме супермаркет за другите лиги. Англиската Премиер лига ќе биде број еден, далеку пред сите. Ние заостануваме, едноставно немаме доволно средства. После тоа, луѓето од арапскиот свет ќе влезат во фудбалот и тоа ќе биде удар за нас кои заостануваме 30 години. – Арапите градат цели градови во пустина, имаат толку голема економска моќ и сигурно нема да застанат тука. Сигурно ќе влезат во фудбалот, бидејќи преку фудбалот се гледа целиот свет. Кога зборувам за овие работи, луѓето ме прават луд, но јас ја гледам иднината и сум искрен кон вас, – изјавил тогаш Берлускони
コメント