top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Византиска музика на Бигорскиот хор го направи величенствено сослужувањето меѓу МПЦ-ОА и СПЦ

24.05.2022 Мај Вторник

Машкиот хор на Бигорскиот манастир заедно со членови од кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“ со византиско пеење го збогати денешниот свечен настан во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, каде заедничка литургија одржаа Архиепископот Стефан и Патријархот Порфириј.

Фото: Маја Јаневска Илиева

Хорот на Бигорскиот манастир е основан по заложба и иницијатива на Епископот г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир. Раководени се од школувани и лиценцирани протопсалти, учители по источно-православно црковно (византиско) пеење.

Соборниот храм е преполн со верници, но и со претставници на државниот врв, како и со претставници на останатите верски заедници.




2 views

Yorumlar


bottom of page