top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Виери: Конте сака да се кара со сите, тој ве остава без сон

Антонио Конте не е повеќе тренер на Тотенхем што не е изненадување ако се земе во предвид потегот на Италијанецот пред репрезентативната пауза кога експлодираше по дуелот со Саутемптон во Премиер лигата. Конте „испука“ се што му лежи на срце, а тоа ја прели чашата кај раководството кое реши да се збогува со него неколку месеци пред истекот на неговиот договор. Има реакции, коментари од повеќе страни, а меѓу оние кои зборуваа за Антонио беше и некогашниот италијански репрезентативец, Кристијан Виери кој своевремено соработуваше со сонародникот во Јувентус. -Антонио е навикнат да влегува во конфликт со сите, тоа е во неговиот карактер. Ако некој клуб го ангажира, не треба да очекуваат нкоје што е среќен со било што, тие знаат дека е сериозна личност, човек кој многу бара. Тешко е да го имате во еден клуб, тој ве остава без сон. Постојат тренери како него и Жозе Мурињо кои се како чекани и го бараат најдоброто од сите во секое време. И има и такви кои се задоволни со што било. Секој си има свое гледиште, -истакна Виери.


1 view

Comments


bottom of page