top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Виери застана во одбрана на Лукаку: Ќе беше драматично…

Ромелу Лукаку требаше да биде големо засилување за Интер во оваа сезона, но Белгиецот дефинитивно не ги оправда високите очекувања, имаше проблеми со повредите, а пак кога е фит и подготвен го нема тој посакуван учинок пред противничкиот гол.

Напаѓачот има дадено 6 гола на 22 натпревари за „нероаѕурите“ и трпи доста критики, односно прашање е дали Интер ќе се потруди да преговара со Челси за откупување на договорот, поточно да го врати назад на „Џузепе Меаца“ за кампањата 2023/2024.

Во одбрана на Ромелу застана легендарниот Кристијан Виери кој смета дека позитивно е тоа што играчот влегува во шанси.

-Факт е дека Лукаку не е спокоен пред голот. Како фудбалер, пропуштив повеќе голови од оние што ги постигнав, но важно е да се има шанси. Ќе беше драматично да немаше прилики пред голот. Ако тој немаше шанса на десет натпревари, -вели Бобо кој смета дека Симоне Инѕаги мора да го остава Лукаку да игра по цели натпревари.

-Лукаку мора да игра 90 минути, нема логика да биде сменет по 60 минути, -порачал Италијанецот преку Бобо ТВ на Твич.


0 views

Comentários


bottom of page