top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Виенскиот новогодишен концерт првпат ќе се одржи без публика

21.12.2020 ДЕКЕМВРИ ПОНЕДЕЛНИК

Виенската филхармонија во салата „Музикферајн“ за првпат ќе го одржи својот традиционален новогодишен концерт на 1 јануари, без публика, поради пандемијата на ковид-19. Со овој омилен празничен настан за светската публика ќе раководи славниот италијански диригент Рикардо Мути.

Мути кој 50 години соработува со Виенската филхармонија и на Новогодишниот концерт веќе диригирал пет пати во 1993, 1997, 2000, 2004 и 2018.

Новогодишниот концерт во 2021 година ќе се пренесува во над 90 држави и ќе го следи милионионска публика ширум светот.




0 views

Comments


bottom of page