(Видео) Џулија Робертс избегнала незгода додека го снимала „Билет за рајот“
Џулија Робертс за малку ќе допрела нешто што можело да ја убие во текот на снимањето на „Билет за рајот“. 54-годишната актерка повторно се обедини со блискиот пријател и колега Џорџ Клуни за романтичната комедија што се снимаше во Австралија. А неодамна во интервју таа откри дека била предупредена кога сакала да допре нешто што мислела дека е морска школка. Таа изјави за Best UK: „Таму сè се обидува да те убие!“ „Сакав да допрам нешто што мислев дека е морска школка и некој извика: не! не допирајте го, тоа е нешто што всушност ќе ве убие.“ „Повеќе како билет за болница отколку билет за рај“, се пошегува таа, алудирајќи на насловот на филмот. Клуни (61) рече: „Дури и медузата! Влегуваш во вода и таа ќе те убие“. Тој призна дека ја искористил шансата да работи со Џулија и дека не би можел да го сними филмот без неа. Робертс и Клуни глумат разведена двојка, која се здружува и патува за Бали во обид да ја спасат нивната ќерка од брак со локален жител. Филмот во режија на Ол Паркер ги обединува двајцата оскаровци од А-листата, кои се и долгогодишни пријатели. Тие во минатото работеа заедно во Ocean’s Eleven (2001), Ocean’s Twelve (2004) и Money Monster (2016). Во „Билет до рајот“, Робертс и Клуни патуваат на Бали за да ја спречат нивната ќерка да не ја направи истата грешка што мислат дека тие ја направиле пред 25 години. Иако дејствието на филмот се одвива на Бали, сите сцени беа снимени во Австралија.
コメント