top of page

ВИДЕО: Јокиќ со моќен „трипл-дабл“ го водеше Денвер до триумф во Феникс Видео кошарка

25.03.2026 Mart Sreda

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа во драматичен натпревар од НБА лигата на гости кај Феникс Санс (123-125). Пресметката во Феникс понуди голема борба, екипите имаа свои моменти во кои делуваа подобро, а најголемата залиха Денвер ја направи во вториот период кој го доби најубедливо. 

  • Феникс Санс - Денвер Нагетс:

Никола Јокиќ ја инспирираше оваа победа со перфектна игра во два правци. Српскиот центар го заврши мечот со 23 поени, 17 скока и 17 асистенции водејќи го својот тим кон триумф. Во таборот на Феникс се истакна Девон Букер со 22 поени. 

На останатите терени Шарлот дома го декласира Сакраменти (134-90), Њујорк беше подобар од Њу Орлеанс (121-116), а Кливленд слави во тесен меч со Орландо (136-131).


 
 
 

Comments


bottom of page