top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ВИДЕО | Јелена од „Фрајле“ откри: Имам само 30 проценти слух, носам апаратче за слушање

Популарната српска група „Фрајле“ од Нови Сад, која наскоро ќе тргне на турнеја низ Македонија а на 15 и на 16 март ќе одржат концерти во Скопје, ја сочинуваат Јелена Буча, Невена Буча и Наташа Михајловиќ. Шарматната црнка Јелена Буча откри лична приказна во емисијата „Еден на Еден“ која ќе се емитува в недела на Канал 5 од 18.30.– Јас на седум години сосема го загубив слухот на левото уво, имав заушки. Пред 6-7 години и на другото уво почнав да го губам слухот. Еве, имам апаратче за слушање, и имам 30 проценти слух вкупно. И се занимавам со музика од главата и од срцето. Не можам да го изговорам зборот хендикеп, тоа е многу тежок збор. Јас не се чувствувам дека ми е одземено нешто. Ги најдов апаратчето за слушање како некое решение и сакам да им кажам на луѓето: Ако сакате да работите нешто, што било, тоа е желба, вие ќе најдете начин и ништо не треба да ве спречи. 30 проценти не е малку, зошто мора сите нешта да бидат 100 проценти?“, откри Јелена.Во емисијата на Жаре, таа со својата сестра Невена и со колешката Наташа запејаа неколу песни, раскажаа многу приказни и направија весела атмосфера во студиото. На 13 март, „Фрајле“ ќе одржат концерт во Битола, а 17 во Струмица.

Во видеото во продолжение, погледнете мал дел од емисијата што ќе ја гледаме в недела:



1 view

Comentarios


bottom of page