top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Шварценегер се враќа, првпат во ТВ-серија

Последната улога на Арнолд Шварценегер беше во 2019 година во „Терминатор: Темна судбина“, а сега првпат глуми во телевизиска серија, која премиерно ќе биде прикажана на „Нетфликс“ на 25 мај.

Во официјалниот синопсис за „Фубар“, креирана од познатиот сценарист продуцент Ник Сантора (Reacher, Prison Break), се наведува: оперативец на ЦИА во пресрет на пензија открива семејна тајна. Принуден е да се врати на терен на последната задача.

Серијата се занимава со универзална семејна динамика поставена во глобална заднина на шпиони, акција и хумор.

Во серијата глумат и Моника Барбаро, Милан Картер, Форчн Фајмстер, Тревис ван Винкл, Џеј Баручел, Енди Бакли, Барбара Ив Харис, Фабијана Уденио и Габриел Луна.

Sвездата на „Терминатор“ и поранешен гувернер на Калифорнија е исто така извршен продуцент на „Фубар“, што ќе обележи негова прва улога во серија.



1 view

Comments


bottom of page