(Видео) Црквата иницира петиција за забрана на филм за лезбиски калуѓерки
15.04.2022 April Petok
Католичка активистичка група во Белфаст иницира петиција за забрана на прикажување на филмот „Бенедета“ на Велипеток. Филмот на режисерот Пол Верховен, базиран на животот на сестрата Бенедета Карлини, требаше да почне да се прикажува овој петок. „Овој филм е измама и ништо повеќе од очигледен напад на католичката вера“, изјави Демијен Марфи, портпарол на Ирското друштво за христијанска цивилизација, за „Белфаст телеграф“ . „Овој филм е пресметана навреда за сите христијани“, вели тој и додава дека е срамота што е дозволен на толку важен ден. Филмот претходно наиде на критики од верниците, кои се згрозени од сцените на калуѓерки што се галат со Исус, статуа на Дева Марија, што се користи како секс-играчка, и од порнографски прикази на калуѓерки во лезбиски сцени. Режисерот Верховен одговори на критиките: „Не разбирам како нешто што се случило во 1625 година би го нарекле богохулство. Не можете да ја промените историјата или работите што се случиле, а јас го базирав филмот на она што се случило. Во овој случај глупаво е да се користи зборот богохулење“.
Comments