top of page

ВИДЕО: Хрватска ја совлада Ерменија, еден гол го одлучи мечот во Ереван

Sep 12, 2023
1 min read

Во рамките од квалификациите за пласман на следното Европско фудбалско првенство во Германија 2024, репрезентацијата на Хрватска минимално славеше со 1:0 на гости против Ерменија.Стрелец на единствениот гол во Ереван беше Андреј Крамариќ во 13 минута од средбата.

Ерменците се обидуваа со сите сили да дојдат до израмнување, но „коцкестите“ на крајот се радуваа на новиот триумф, трет по ред во квалификацискиот циклус.Хрватите остануваат првопласирани во групата „Д“ со 10 бодови од четири натпревари, додека на втората позиција е Турција која исто така има 10 бодови, но од пет натпревари.

Следува Ерменија со седум од пет натпревари, Велс има четири бодови од четири натпревари, а четири мечеви запиша и Летонија, но и натаму нема ниту еден бод.




 
 
 

Comments


bottom of page