top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Харисон Форд и Мадс Микелсен во „Индијана Џонс 5“

Петтото продолжение на блокбастерот „Индијана Џонс“ се приближува сè повеќе, а фановите конечно видоа неколку први фотографии од филмот, благодарение на „Емпајр магазин“. Поминаа речиси 15 години откако последен пат го видовме Харисон Форд во улога на легендарниот авантурист-археолог Индијана Џонс, но сега тој се враќа, во петтиот филм на режисерот Џејмс Манголд – и се чини дека ќе има нов страшен непријател. На Форд му се придружува познатиот дански актер Мадс Микелсен, кој го глуми главниот антагонист. Магазинот „Емпајр“ објави ексклузивни фотографии на кои се гледа Мадс Микелсен како нов негативец, злобниот Волер, чиј лик е делумно инспириран од поранешен нацист Вернхер фон Браун, кој подоцна стана инженер на НАСА по Втората светска војна. Опишувајќи го својот лик, Микелсен вели: „Тој е човек кој би сакал да поправи некои грешки од минатото. Постои нешто што може да го направи светот многу подобро место за живеење. И тој сака да се обиде во тоа. И Индијана Џонс сака да го постигне тоа. И така, имаме приказна“. Во претстојниот филм, под режисерската палка на Џејмс Манголд („Форд против Ферари“, „Логан“), Харисон Форд се враќа во насловната улога на професор по археологија кој уште еднаш ќе се судри со група нацисти. Дејствието е сместено неколку децении по настаните од Втората светска војна, следејќи го Инди во позадина на вселенската трка меѓу САД и Советскиот Сојуз.





1 view

Comentários


bottom of page