top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Хали Бери се потсети на улога од 2002 година: Броснан е мојот Бонд засекогаш

Актерката Хали Бери глумеше Бонд девојка во „Умри некој друг ден“. А неделава таа на својот инстаграм-профил се присети на својата голема улога од пред 20 години. Атрактивната Хали сподели кусо видео од филмот и напиша: „Поминаа 20 години. Пирс Броснан е мојот Бонд засекогаш.“ Хали глумеше Бонд-девојка и американска агентка за безбедност Џинкс Џонсон покрај Пирс Броснан во филмот кој беше премиерно прикажан во 2002 година. Продуцентката Барбара Броколи сакала да ѝ даде спин-оф на Џинкс, но проектот наводно бил откажан откако бил повлечен буџетот од 80 милиони долари наменет за негова продукција. „Беше многу разочарувачки. Никој не беше подготвен да инвестира толку пари во афроамериканска акциона ѕвезда. Тие не беа сигурни во нејзината вредност“, изјави Хали за „Вараети“ во септември 2020 година. Хали откри и со каков предизвик наишла на снимањето на Die Another Day. „Значи, најголемиот актерски предизвик што го имав во оваа сцена беше да изгледам како водата да е топла… а всушност се смрзнував“, рече Бери, која никогаш не криеше колку била возбудена што ќе снима филм за Џејмс Бонд. „Бев навистина возбудена за 007 бидејќи тоа е легендарен серијал. Тоа е дел од филмската историја, навистина, па многу ми значеше да бидам дел од оваа сага. Оваа верзија на Бонд-девојка беше многу поразлична од која било што сум ја видела претходно. „Кога Барбара Броколи ми пријде со улогата, ми објасни дека тоа ќе биде нов вид на Бонд-девојка, што ќе ми овозможи да бидам поактивна и во извесна смисла да работам со Бонд на нов начин. Тоа беше навистина возбудливо за мене. „А што се однесува на сцената кога првпат се појавувам излегувајќи од вода, беше возбудливо да ја рекреирам сцената со Урсула Андрес, која беше култна“, објасни Хали Бери во интервју за „Венити фер“.





1 view

Comments


bottom of page