(Видео) Хали Бери и Патрик Вилсон се справуваат со Месечината во научнофантастичен акционен спектакл
„Кој е планот?“, прашува Хали Бери во костим на НАСА. „Да ја спасиме Месечината, да ја спасиме Земјата“, гласи одговорот на Патрик Вилсон, поранешен астронаут, во научнофантастичниот акционен филм Moonfall на Роланд Емерих. Филм за катастрофа од специјалист за ваков вид филмови – Роланд Емерих, кој ни ги донесе сагата за инвазија на вонземјаните Independеnce Day и приказната за екокатастрофа The Day After Tomorrow. Овој најнов блокбастер е пријатна забава изградена врз ексцентрични теории што ќе поттикне многу луѓе да дебатираат на интернет-форуми со години. Кога Месечината одеднаш ќе излезе од својата орбита, Земјата се соочува со уништување. Почнуваат цунами, земјотреси и ерупции, иако тие се само претходник на главниот настан додека Месечината сѐ повеќе се приближува до нашата планета. Американската влада е подготвена да лансира нуклеарно оружје, но Брајан Харпер (Патрик Вилсон) и Џо Фаулер (Хали Бери) имаат други идеи.
Comments