ВИДЕО: Турција ја расипа забавата во Косово и се врати на Мундијалите!
- Aleksandar Santovski
- 3 days ago
- 1 min read
31.03.2026 Mart Vtornik
Фудбалската репрезентација на Турција забележа голема победа на гостувањето кај Косово во Приштина (1-0) и така се пласира на Светското првенство (СП) кое оваа година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Турците се враќаат на мапата на Мундијалите за првпат по 2002 година, кога на шампионатот во Кореја и Јапонија освоија бронзен медал.
Пред преполниот стадион „Фадиљ Вокри“, мечот го реши еден гол. Погодокот падна во 53. минута кога стрелаше Мухамед Керем Актуркоглу, кој ја искористи грешката на одбраната на Косоварите и реализира по асистенција на Кокчу.
За Турција, ова ќе биде трето учество на Светските првенства. Покрај гореспоменатото во 2002 година каде Турците освоија бронза, претходно играа на Мундијалот во 1954 година во Швајцарија каде завршија како деветти.






Comments