Search
(Видео) „Тргнете го тоа“ – Чарлс се изнервира додека ја потпишуваше заклетвата
- Aleksandar Santovski
- Sep 12, 2022
- 1 min read
Најстариот син на починатата кралица Елизабета Втора, Чарлс Трети, вчера беше прогласен за нов британски крал. На церемонијата присуствуваа членови од кралското семејство, британскиот премиер и други високи политичари. Целата церемонија за првпат во историјата се гледаше на телевизија, а реакцијата на Чарлс за време на потпишувањето на заклетвата стана хит на интернет. На масата имаше две големи хартии и две кутии за пенкалата. Чарлс го потпиша првиот документ, но за вториот имаше проблем, па направи лут израз на лицето ѝ им сигнализираше на помошниците да ја тргнат една од кутиите за пенкала која му пречеше. Додека едни ваквата реакција ги насмеа, други коментираат дека неговото однесување е непристојно,

Comments