(Видео) „Тоа беше голем физички предизвик“: Селма Хајек за танцот во скут
Селма Хајек проговори за жешкиот танц во скут во претстојниот филм Magic Mike’s Last Dance („Последниот танц на магичниот Мајк“) и откри дека бил многу предизвикувачки од физичка гледна точка. Добивај вести на вибер Таа му се придружи на актерскиот тим за да ја замени Тандиве Њутн како главна женска улога во новиот филм за машки стриптизер. Во интервју за „Ентертејнмент тунајт“ 56-годишната актерка изјави: „Тоа беше голем физички предизвик. Ќе видите, комплицирано е.“ Тандиве Њутн донесе одлука да се повлече од третото продолжение – во кое Ченинг Тејтум ќе ја репризира својата улога на Мајк Лејн. Претходно, портпаролот на „Ворнер брос“ изјави за „Вараети“ дека Њутн донела одлука да се повлече од продукцијата на Magic Mike’s Last Dance поради лични причини поврзани со семејството. Ченинг (42) неодамна се пошегува дека филмот ќе биде див.
Comments