(Видео) Тејлор Свифт со најмногу номинации за „Ем-ти-ви видео мјузик авордс“
Тејлор Свифт доминира во номинациите за годинешните музички награди (ВМА) на Ем-ти-ви со осум номинации.
Поп-ѕвездата (Cruel Summer) е кандидат за посакуваното признание уметник на годината – за кое се соочува со конкуренција од Бијонсе, Доџа кет, Карол Џи, Ники Минаж и Шакира.
Нејзиниот хит Anti-Hero влезе во потесниот избор за видео на годината, песна на годината, најдобар поп, најдобра режија, најдобра кинематографија, најдобра монтажа и најдобри визуелни ефекти.
Тејлор, која најверојатно ќе постигне рекордна четврта награда во категоријата „Видео на годината“, е на врвот на листата номинациите, а втора е СЗА со шест номинации.
Дури 35 уметници се номинирани првпат оваа година, а Ким Петрас влезе во потесниот избор за пет награди, сите за Unholy – соработка со Сем Смит, во категориите за видео на годината, песна на годината, најдобра режија, најдобри визуелни ефекти и најдобра кореографија.
На манифестацијата „Видео мјузик авордс“ (ВМА) се наградува најдоброто музичко видео на годината. Наградите ги доделува телевизискиот канал Ем-ти-ви.
ความคิดเห็น