top of page

ВИДЕО | Тепачка на „Тајмс сквер“ во Њујорк пред натпреварот Аргентина-Алжир

16.06.2026 juni vtornik

Пред натпреварот меѓу Аргентина и Алжир на Светското првенство, во центарот на Њујорк дојде до сериозни инциденти меѓу навивачите на двете репрезентации.

На социјалните мрежи се појавија видеоснимки од плоштадот „Тајмс“, на кои може да се види како аргентински и алжирски навивачи разменуваат удари со тупаници и клоци.

Кога е самиот натпревар во прашање, тој ќе има посебно значење за аргентинската ѕвезда Лионел Меси. За капитенот на актуелниот светски шампион ова ќе биде јубилеен 200-ти настап во националниот дрес, а со него тргнува во одбрана на освоената светска титула во Катар.

Од друга страна, Алжир повторно се појавува на најголемата фудбалска сцена по 12 години пауза.

Покрај Аргентина и Алжир, во групата Ј се наоѓаат и Австрија и Јордан, тој натпревар се игра во шест часот наутро, додека Аргентина и Алжир се соочуваат во три часот по полноќ.


 
 
 

Comments


bottom of page