top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ВИДЕО: Тентоглу донесе злато за Грција во скок во далечина, Вилијамс најбрза на 100 метри со пречки

Грчкиот атлетичар Милтијадас Тентоглу го освои златниот медал во скок во далечина на Светското првенство во Будимпешта. До златото стигна со скок од 8.52 метри, до кој стигна во последната, шеста серија.

Сребрениот медал го освои Јамајканецот Вејн Пинок, кој во втората серија прескокна 8.50 метри и беше во водство до последната серија. Бронзениот медал му припадна на неговиот сонародник Таџеј Гејл, кој имаше најдобар скок од 8.27 метри во шестата серија.

Јамајканската атлетичарка Даниел Вилијамс го освои златниот медал на 100 метри со пречки. Вилијамс победи за 12.43 секунди, што е нејзино најдобро време во сезоната. Сребрениот медал го освои Порториканката Јасмин Камачо-Квин со 12.44 секунди, а бронзата Американката Кенда Харисон со резултат 12.46 секунди.



1 view

Comments


bottom of page