top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Тамара Волческа со маестрален настап ја освои дебитантската сцена на „Макфест“



29.10.2024 Oktomvri Vtornik

Тамара Волческа, позната по својот длабоко емотивен израз и способноста да допре до срцето на својата публика, на овогодинешниот Макфест се претстави со новата песна „Кажи ми да знам“. Оваа песна не е само уште еден хит во нејзиниот музички опус, туку носи посебно значење – таа претставува интимна катарза и симболичен крај на едно поглавје во нејзиниот живот. Со „Кажи ми да знам,“ Тамара ја затвора вратата на една недопишана приказна, полна со неодговорени прашања и несигурности кои ја следеле со години.

„Кажи ми да знам“ претставува крај на еден дел од нејзиниот живот, едно емотивно растоварување и затворање на минатото. За Тамара, ова не е обична песна, туку музички дневник, искрен израз на сите оние скриени и несподелени емоции кои ја обликувале нејзината душа. Таа преку стиховите ја изразува својата долгогодишна борба да пронајде одговори и да разбере зошто некои приказни остануваат без крај, зошто некои прашања не наоѓаат одговор, и зошто некои соништа исчезнуваат како да никогаш не постоеле.

Преку оваа изведба, Тамара не само што ја заокружува својата мината фаза, туку и ја отвора вратата за нови почетоци и креативни предизвици. Оваа песна е нејзиниот начин да се збогува со сè што било премолчено, да се раздели со тоа што било дел од нејзината приказна досега и да создаде простор за нови соништа.

„Благодарна сум на целата организација на Макфест и шансата да сум дел од овој фестивал (воедно за мене прво фестивалско искуство). Благодарна сум на малата Лена која е моја братучетка, а член на Dancers United, добитничка на бројни награди на меѓународни и домашни натпреварувања во категорија Латино танци. Сестра ми е човекот кој ни помогна да ја реализираме целата кореографија, познавајќи ме мене и значењето на песната што ја пеам и пораката која ја испраќам. И се разбира, сето ова не би звучело толку комплетно и бурно да не беше аранжманот на Јордан Манов кој веќе добро знае што точно да прави со моите текстови“, вели Тамара.



0 views

Comments


bottom of page