top of page

ВИДЕО | Специјален подарок од семејството на Тоше за малиот математички гениј Македон

07.08.2026 Avgust Petok

Единаесетгодишниот Македон Димитровски, кој важи за еден од најталентираните млади математичари во Македонија, доби посебен подарок од семејството на Тоше Проески, винил-издание со неговите најголеми хитови.

Возбуден од гестот, Македон преку социјалните мрежи им се заблагодари на најблиските на легендарниот пејач.„Почитувано семејство на Тоше Проески, од срце ви благодариме за прекрасниот подарок и за вниманието што ни го укажавте. Винилот со песните на Тоше за нас е многу повеќе од подарок – тој е спомен за еден голем човек, уметник и хуманист чие дело ќе живее вечно. Ви благодарам за оваа чест и за убавиот гест“, напиша Владимир, таткото на Македон.

На фотографијата тој го држи винилот „Тоше Проески – Игри без граници“, додека зад него на телевизорот е прикажана фотографија од Тоше.

Македон Димитровски важи за еден од најголемите млади математички таленти во земјава. Само во изминатите месеци тој освои златен медал, Куп и титула „Математичка ѕвезда“ на турнирот „Математика без граници“ во Несебар, ја доби престижната „George Lenchner Medal“ за врвен резултат на светската олимпијада MOEMS и освои два златни медала на Германската математичка олимпијада. На SAT-тестот постигна и 1.440 бодови, продолжувајќи ја низата меѓународни успеси со кои ја претставува Македонија.

Познат е по неверојатната способност ментално да решава сложени математички задачи со големи броеви, а во интервјуа има кажано дека зад секој успех стојат многу труд, вежбање и љубов кон математиката.

доле стиснете на линкот и погледнете го видеото што кажа Македон


 
 
 

Comments


bottom of page